Денеска и утре (12 и 13 Ноември) во Музејот на македонската борба ќе се одржи Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I” на која годинава ќе се дебатира на тема Идеологија.

Музејот на македонската борба е традиционален партнер на овој значаен научен собир во организација на Институтот за национална историја, УКИМ, Универзитетот во Болоња, Италија, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и Здружението на историчари ЗИРМ, Скопје, соопштија организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.