Екипата на „Медена земја“ е подготвена за црвениот килим.
Според најавите македонската дизјанерка Тања Кокев е креаторка на смокинзите на кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут. Таа треба да се погрижи и за главната ѕвезда на вечерта, Атиџе. Претходно, на еден од предоскарските настани режисерката Тамара Котевска носеше креација на Кокев. Но, како што напиша Кокев, Тамара се решила за друг креатор.
Доцна вечерва, после полноќ, по македонско време ќе се одржи свечената церемонија на доделување на најпрестижната филмска награда Оскар, а „Медена земја“ има историски две номинации – во категоријата најдобар странски филм и најдобар документарен филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.