Автори на „Медена земја“ се Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Македонскиот филм влезе и во потесниот избор за номинација и за најдобар документарец. Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории. На 13 јануари ќе се изберат по пет кои ќе добијат номинација за Оскар.

Во категоријата најдобар странски филм избрани се 15 филмови од 159 пријавени, а „Медена земја“ за номинација ќе се бори со „Адвокатка“, „Американска фабрика“, „Аполо“, „Аполо 11“, „Акварела“, „Најголемата мала фарма“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“, „За Сама“, „Големото хакирање“, „Урни ја куќата“, „Девојка’, „Полноќно семејство“, „Нација со по едно дете“.

Во категоријата најдобар документарец во потесниот избор влегоа 10 филмови од 91 пријавени. Со „Медена земја“ избрани се и „Обоена птица“ од Чешка, „Вистина и правда“ од Естонија, „Клетници“ од Франција, „Оние што останаа“ од Унгарија, „Корпус кристи“ од Полска, „Сучка“ од Русија, „Атлантикс“ од Сенегал, „Паразит“ од Јуна Кореја и „Болка и слава“ од Шпанија.

Академијата го објави потесниот избор филмови за уште 7 споредни категории.

Церемонијата на доделувањето на Оскарите ќе биде одржана на 9 февруари во Лос Анџелес.

СПОДЕЛИ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.