Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска повторно ќе се прикажува во Кинотека почнувајќи од 13 јануари. Проекциите се закажани од 18 и од 20 часот. Филмот, кој деновиве доби уште две значајни признанија ќе се прикажува во Кинотека до 18 јануари, во два термини, од 18 и од 20 часот. Влезница е 100 денари.
Снимателите Фејми Даут и Самир Љума ја добија наградата „Cinema Eye Honors“ за исклучително достигнување во кинематографијата а филмот ја доби и наградата за најдобар документарен филм која ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC).
Филмот се најде на листите на најобрите овогодинешни филмови на многу значајни списанија како „Њујорк Тајмс“, „Ролинг Стоун“, „Варајети”, „Венити феир“ и други.
„Медена земја“ е во потесниот избор за престижниот „оскар“ во две категории. Номинациите ќе бидат ќе бидат обавени наскоро.
Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со опасност кога во околината облагородена со природен баланс ќе се насели многучлено семејство кое ќе се обиде да ѝ ја преземе трговијата со мед.
Низ супериорна визуелна нарација и маестрална монтажа, филмот за „медената земја“ нѐ опоменува дека сите наши постапки си имаат последици по човештвото во иднина. По подолго време – конечно – фантастичен филмски продукт од ова поднебје, кое како трајна вредност го препознава целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.