Победникот на престижниот фестивал „Санденс“, документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, на 9 април ќе биде прикажан на отворањето на 15. Фестивал на европски долгометражен документарен филм „Седум величествени“.
Организаторот на фестивалот, кој до 15 април ќе се одржува во белградската сала „Комбанк“, во најавата пишува дека „со овој величествен документарец малата екипа посветени документаристи дале свој маестрален придонес“.
Камерата и фотографијата на двајца наградени сниматели, Фејми Даут и Самир Љума, креира магични глетки… режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов нè воведуваат деликатно во импресивен свет кој е исткаен од лирски интонирани мигови на интима и од визуелно богати динамични сцени. Најпосле, искусниот продуцент и монтажер Атанас Георгиев сјајно креирал интересна и драматична наративна структура и преку неа ритам кој „Медена земја“ го претвора во вистинско кино уживање, пишува во најавата на фестивалот „Седум величествени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.