Босанско-хрватскиот филм „Take Me Somewhere Nice“ на режисерката Ена Сендијаревиќ го освои „Срцето на Сараево“ за најдобар филм на синоќешната церемонија за доделување на наградите.
За најдобар режисер беше прогласен Емин Алпер за неговото дело во „A Tale of Three Sisters“. Наградата за најдобра актерка замина кај Ирина Јамбонас за улогата во филмот „Rounds“, додека за најдобар актер беше избран Леван Гелбакиани за неговата улога во „And Then We Danced“.
За најдобар краток филм беше избран „The last image of father“ на режисерот Стефан Ѓорѓевиќ. Филмот е соработка меѓу Србија, Хрватска и Грција. Специјално признание од жири беше доделено за романскиот краток филм „The Last Trip to the Seaside“. Од студентската програма, пак, награда освои српскиот „Sherbet“ на Никола Стојановиќ.
Во категоријата документарен филм, наградата ја понеси „When the Persimmons Grew“ на Хилал Бајдаров и претставува соработка помеѓу Азербејџан и Австрија. Специјална награда од жирито доби босанскиот документарец „Stack of material“ на Сајра Субашиќ.
Новиот проект во развој на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек во светот”, кој беше преставен на Синелинк маркетот ја доби наградата „Еуримаж“ за развој во висина од 20,000 евра.
Наградата за човекови права, пак, отиде кај унгарскиот документарец „The Euphoria of Being“ на режисерот Река Сабо.
Македонскиот филм „Медена земја“ ја освои наградата на публиката и она што е најинтересно, е дека цело време, уште од самиот почеток, бидејќи со нашиот филм и се отвори годинешната Документарна програма, водеше на листата според гласовите на публиката. „Медена земја“ ги освои срцата на луѓето, како што впрочем беше и секаде и тоа е најважно, а најважно е и дека овде многу се зборува за филмот на Тамара Котевска и Љубо Стефанов. Во Сараево да го претстават филмот беа и главната протагонистка, шармантната Атиџе, како и снимателот Самир Љума. Наградите во оваа програма ги освоија азербејџанскиот филм „Кога растеа јапонски јаболки“ на Хилал Бајдаров, една приказна за (не)разбирањето меѓу мајката и синот, каде што метафорично се судираат минатото и сегашноста и босанскиот „Премногу материјал“ на Сајра Субашиќ, кој зборува за една девојка која се враќа во Босна, во градот во кој живееле нејзините родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.