На 19 февруари (вторник) во 19 часот,во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје ќе биде промовирано делото „Мартин Крпан – Дипломат и воин“ од проф. д-р Милан Јазбец,актуелен амбасадор на Република Словенија во нашава држава.
Преводот на македонски јазик е на проф. Соња Должан. Изданието го вклучува и ревидираниот превод на повеста Мартин Крпан од словенечкиот писател Фран Левстик. По повод свечениот чин поздравна рече ќе има писателот Раде Силјан, а изданието ќе го промовира проф.д-р Весна Мојсова – Чепишевска. На промоцијата свое обраќање ќе има и авторот Милан Јазбец,кој ќе ги претстави и своите најнови изданија,објавени на македонски,албански и руски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.