Во рамките на јубилејната програма, по повод 30-годишнината од основањето, Матица македонска ја објави пoетската книга „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска. Во своето најново остварување, позната поетеса прилежно пее за љубовта кон својата татковина и за процесите што се одвиваат пред наши очи и кои предизвикуваат вознемиреност кај македонскиот народ. Низ кристално јасни стихови во „Куќа во куќа“ авторката упатува силни пораки до читателите. Поезијата е главното орудите на поетесата во одбрана на татковината, на историјата, на културата, на творештвото пренесувано од колено на колено, а сега напишано и запишано како залог за иднината.
Гордана Михаилова Бошнакоска е автор на богат поетски и прозен опус, за кој е добитник на национални и меѓународни признанија и награди, меѓу кои и на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.