Во книжевниот салон на „Матица македонска“ на булевар „Климент Охридски“ во Скопје, на 29-ти октомври (вторник) во 20 часот 2019 година ке биде промовиран романот „Абафи“ на големиот унгарски писател, Миклош Јошика.

Со овој чин издавачот и унгарската амбасада во Скопје го одбележуваат националниот празник на Унгарија. За делото, што го преведоа Велика Ширилова и Паскал Гилевски ќе говори писателот Раде Силјан, а свое обраќање пред присутните ќе има и амбасадорот на Унгарија во Македонија, д-р Ласло Дукс.

Извадоци од романот на унгарски и македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на унгарците „Теледом“ од Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.