На 30 септември во 12.00 часот, Матица македонска ќе ја промовира  книгата „Песни за обоа и пијано“ од Васил Атанасов В’чев. За ова ретко издание од оваа област проткаено со македонски фолклорни ноти ќе зборуваат: д-р Ана Витанова, проф. д-р Драган Даутовски и Весна Наумова Томовска, а промоцијата ќе ја збогати Тодор Светиев со пијано изведби на неколку нумери.

Промоцијата ќе се одржи во Паркот на книгите на Матица ексклузив во Скопје, со запазување на сите протоколи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.