“Добре ми дојдовте во мојата палата” е најавната шпица за емисијата MARTA’S PALACE што премиерно ќе биде изведена во живо, на сцена, во Jавна Соба, на 2-ри декември (понеделник), во 21 часот.
MARTA’S PALACE e како утринско сонце во студен зимски ден – вели Марта – една фина, мека, нежна звучна вибрација што ќе го облагороди просторот, не само просторот во кој се случува, туку таа вибрација ќе се пренесе и надвор. Луѓето кои ќе се хармонизираат преку таа вибрација, ќе продолжат, со своето смирувачко вибрантно поле, да вршат трансмисија и надвор од таа просторија, внесувајќи смиреност во меѓучовечките односи со сите со кои ќе дојдат во допир во периодот додека нивните тела резонираат на таа френквенција.
Ако овој експеримент се повтори многу пати, тогаш во континуитет се создава посмирена маса луѓе кои нивните смиреност и задоволство успеваат да ги пренесат понатаму, дури и сосема несвесно, преку аурата со која се обвиткани како со тенка глазура. Тоа, таканаречено, етерично тело, буквално како етерично масло се разлева во околината и во еден поширок контекст прави пријатна средина за живеење и делување. Многу е позната изјавата на Никола Тесла дека ако сакате да го разберете универзумот, мора да размислувате на ниво на фреквенции и вибрации. Природните вибрации кои создаваат хармонија во природата се на фреквенција од 432 херци.
Сè околу нас е вибрација која е звучна, а некои вибрации раѓаат немир, агресија, страв… Во древна Кина, уште пред 4500 години се знаело дека лошата фреквенција може да предизвика разни болести кај луѓето, заради реметење на сите сетила. Просторот е контаминиран од бучавата што ни се случува секојдневно, а не ја ни забележуваме оти сме отрпнале, сме навикнале и сетилата ни се отапени. Качете се на едно Водно и ќе видите колку висока децибелажа и неубави фреквенции произведува градот. Тоа им задава континуиран немир на телото и на умот, затоа што животот во постојано зуење ја вознемирува водата во нашиот организам. Кога ќе се земе в обзир дека телото е составено од околу 70% вода , таа подлежи на бранувања од резонанциите кои се околу нас. Затоа кога луѓето се наоѓаат во средина на постојано викање, надвикување, кавги, дури и да не се однесуваат лично на нив, луѓето стануваат надразнети. Сте забележале дека нечии гласови ве иритираат повеќе, некои ви се милозвучни, некои ве возбудуваат, некои ве вознемируваат. Тоа е заради вашата лична (ин)толеранција на фреквенциите. Препорака, кога сте уморни и малаксани, чувствувате дека немате животна енергија, “наштимајте” се на Шуманова фреквенција (7,83 Hz) и ќе почувствувате ревитализација на целиот организам. И да се вратам на мојата емисија MARTA’S PALACE во чија најава велам: “ќе ви шепотам нежно и ќе ги разбудам сите ваши мечти, скриени или потиснати страсти, ќе ве разнежнам како глуварчиња, ќе ве омекнам како пудинг, но и ќе ве скаменам …”
Повелете, бидете мои гости да ја почувствувате благопријатноста на херцажата наречена MARTA’S PALACE.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.