Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Сл.весник на РМ” бр. 52/06, 54/07,74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот на седницата одржана на 21.11.2018 година донесе одлука државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2018 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија, да им се додели на Марина Костова, публицист и Емин Аземи, новинар.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2018 година (петок) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.