Актерката Марија Минчова-Андонова од Народниот театар Штип е добитник на наградата за епизодна улога на фестивалот „Актерот на Европа“.
Минчева-Андонова ја доби наградата за улогата во преставата „Ова дете“, работена по мотиви од текст на Жоел Помера, во режија на Александар Ивановски.
Претставата е продукција на Националната установа Центар за култура (НУЦК) „Ацо Шопов“ – Штип, која учествуваше на Интернационалниот театaрски фестивал „Актерот на Европа“, што годинава се одржа онлајн во јули 2021.
Според директорот на НУЦК „Ацо Шопов“, Горан Трајков ова е добар почеток на фестивалската сезона што му претстои на штипскиот театар. Тој се надева на одлично претставување на претстојните четири театарски фестивали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.