Колку бесмислено звучат изјавите дека нашиот јазик не постоел пред 1944 година, наспрема фактот дека тој е засведочен дури и во документите на бугарската окупаторска администрација, судска и полициска“, вели во интервју за МКД.мк д-р Марија Коробар Белчева, научник со значаен придонес во македонистиката, а особено во науката за имињата.
Нејзината најнова книга, „Македонски ономастички истражувања“, се состои од интересни статии за македонските лични имиња и топоними, а содржи и дел од големиот меѓународен проект „Словенска ономастика/енциклопедија“, двотомна енциклопедија во која македонската ономастика е застапена рамноправно со другите словенски јазици, на 100 страници, чиј автор е самата Коробар Белчева.
Нам ни треба повеќе мудрост, онаа што доаѓа од мугрите на човештвото. Се разбира, и повеќе гордост и свест за јазикот. Треба да се знае дека тој е темелот на кој ги ѕидаме сопствените големини… А да се посегне по туѓото (како што тоа го прави бугарската политика) значи да се покаже сопствената беда на духот, вели Коробар Белчева, поранешна директорка на Институтот за македонски јазик, која 50 години работи на популаризација на македонистиката.
Целото интервју овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.