Во организација на Одделението на лингвистика и литературна наука, во среда во 11 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечен собир посветен на преродбеникот Димитрија Чуповски.

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев ќе го отвори настанот на кој ќе се обратат академик Катица Ќулавкова, др. Билјана Ристовска Јосифовска, др. Ганка Цветанова и дописниот член на МАНУ Драги Ѓорѓиев. Со собирот се одбележуваат 120 години од почнувањето на активностите за формирање на македонското научно-литературно друштво во Санкт Петерсбург, 80 години од смртта на Димитрија Чуповски и 30 годишнината од пренесувањето на неговите мошти од Санкт Петерсбург во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.