Во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Матица македонска од Скопје, излезе од печат монографското дело со 980 маслени слики од академик Васко Ташковски. На страниците од ова ретко издание, застапени се дела од сите творечки фази на еден од најдобрите и најоригинални македонски сликари.
Васко Ташковски (Нижополе, 1937) во изминатите шест децении творечка дејност одбележа значајна етапа во современите текови на македонското сликарство.
Според богатството на темите, неговите слики обликуваат посебен уметнички универзум, не само во бујните текови на модерната македонска уметност, туку и пошироко, во интернационални рамки. Сликарскиот свет на Васко Ташковски е препознатлив, по многу свои елементи чудесно раскошен. Неговата уметност комуницира на општи и универзални релации, својствена за автор со автономен свет, вешто обликуван во дела со антологиска вредност. Тоа е свет приемчив, по многу свои карактеристики раскошен, свет на тајни и митски предели, суптилно обликуван, констатира писателот Раде Силјан во предговорот насловен „Фантастичната приказна на Васко Ташковски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.