Во петок, на 2 јули, со почеток во 20:30 часот, на зелениот покрив на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се одржи поетската манифестација „Празник на липите“ во организација на Друштвото на писатели на Македонија.

На свеченоста ќе им биде врачена наградата „Книжевен жезол“ за поетски опус со високи естетски вредности на македонскиот поет Иван Џепароски и на српскиот поет Душан Стојковиќ. Творештвото на Џепароски ќе го претстави Наташа Аврамовска, а за странскиот лауреат ќе говори Христо Петрески. Присутните ќе добијат примерок од повеќејазичната збирка поезија од двајцата лауреати, специјално подготвена за оваа манифестација.

Во вториот дел од манифестацијата ќе се чита поезијата пристигната на Конкурсот за најдобра песна на „Празник на липите 2021“, по што ќе биде соопштена и победничката песна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.