Во чест на 8 септември, Денот на македонската независност, НУ Музеј на Република Македонија во соработка со Здружението „АРТИ КРАФТ“ организираат етно културна манифестација насловена „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“

Настанот ќе се одржи 6 септември (петок), со почеток од 11 часот.

Музејот традиционално ја организира оваа манифестација, секогаш со богата програма која во фокусот го има етнолошкото богатство. Оваа година ќе настапат Ансамблот „Македонија“, Виолета Томовска, која ќе изведе неколку нејзини хитови, а од Истибања доаѓа фолклорниот ансамбал „Китка“. На платото пред Музејот ќе се одржи и базар на рактворби со учество на членовите на ЗУР „АРТИ КРАФТ“ и дваесетина ракотворци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.