Од 27 до 30 декември во книжарницата „Гладно срце“ по дванаесетти пат ќе се одржи
Малиот новогодишен саем на книгата во организација на издавачката куќа Темплум
(www.templum.mk).
Во рамките на малиот саем во тие четири дена, на две локации, ќе се одржат седум
промоции на книги, и две доделувања на награди: „Новите!“ за најдобар дебитантски
ракопис, и „Лифт“, годишната награда за стрип. Доделувањето на тие две награди и
промоцијата на наградените публикации ќе се случи во културниот простор ЦентарЈадро во вторник (28.12.21.) во 20 часот.
ПРОГРАМА во книжарницата ГЛАДНО СРЦЕ
27 – 30. 12. 2021; работно време: од 12 до 20 часот
Понеделник
17:00 „Разнишан свет“ – разговор за новата збирка раскази на Ирена Јурчева
Вторник
16:30 Промоција на книгата за правата на животните „Животот на животните“ од Џ.М.
Куци
(промотор: Радмила Пешева од „Анима Мунди“)
20:00 (во КСП Центар-Јадро)
Доделување на наградите „Новите!“ за дебитантска проза и „Лифт“ за македонски
стрип

Среда
17:00 Промоција на Зборникот ПОПРЕЧЕНОСТ: текстови за инвалидните тела
(промотор: Гере Трипков)
Четврток
16:30 Промоции на квир и феминистичките графички романи „Лагата и како ја
раскажавме“ од Томи Периш и „Плод на знаењето“ од Лив Стромквист



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.