Денеска во Младинскиот културен центар ќе биде отворен Мал новогодишен саем на книгата на кој ќе учестуваат Темплум, Готен, Бегемот, Блесок, Бункер, Чудна Шума, ИЛИ-ИЛИ и Артконект во Горно фоаје до 28 декември.

ПРОГРАМА:

23 декември (понеделник)
– Изложба на Будимка Поповска и промоција на три нејзини книги

24 декември (вторник)
– Промоција на збирката раскази „Неми филмови“ од Димитар Димоски
промотор: Ненад Јолдески (Или Или)

25 декември (среда)
– Промоција на книгите за деца, „Синиот зајак“ и „Чудесни апарати“ (Темплум) и нас стрипот „Зенобиа“
– Промоција на книгата „12 македонски фотограф(к)и“ (Темплум)

26 декември (четврток)
– Промоција на стрипот „Македонија“ (Темплум)

27 декември (петок)
– Доделување на наградата Новите! 2019 (Темплум)
– Промоција на стихозбирката „Средни години“ од Алеш Мустар
препев: Лидија Димковска
промотор: Александра Јуруковска (Или Или)
– Промоција на Алек Попов (Бегемот)

28 декември (сабота)
– Промоција на книгата „Десетте најдобри раскази на светот“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.