Македонските апликанти во 2018-та година добија 220.200 евра поддршка од Креативна Европа-МЕДИА.
МЕДИА Деск Македонија објави дека во 2018-та година преку програмата Креативна Европа – МЕДИА, македонските апликанти добија вкупна поддршка од 220.200 евра на повеќе различни повици. Веќе трета година по ред фестивалот на документарен филм „Македокс“ добива поддршка во повикот за фестивали, а онлајн платформата cinesquare.net во повикот за онлајн дистрибуција.

Дополнително, на повикот за селективна дистрибуција поддршка доби дистрибутерската куќа MCF MKD. Од ноември 2018-та официјално и „Кинотека на Македонија“ стана член на мрежата Europa Cinemas, финансирана од Креативна Европа МЕДИА, со што Македонија има официјално три кина во оваа мрежа заедно со „Кино Милениум“ и „Центар за култура-Битола“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.