Македонски игран филм за деца „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ е избран да биде единствениот долгометражен игран филм на 27. издание на најголемиот филмски фестивал во регионот, Сараевскиот филмски фестивал, во програмата Тин Арена.
Сараевскиот филмски фестивал е најголемиот и најголемиот филмски фестивал во Југоисточна Европа и е еден од најголемите филмски фестивали во Европа. Основан е во Сараево во 1995 година за време на опсадата на Сараево, и секоја година ги носи едни од најголемите меѓународни и локални познати личности од светот на филмската индустрија.
Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, за првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ.Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна.
Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција помеѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ (Продуцент: Огнен Антов), српската продукција „Акција Продукција“ (Продуцент: Јована Караулиќ) и германската „Моуна“ (Продуцент: Никол Акерман). СТЕЛА беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од Агенцијата за филм, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија,.
Филмот „Стела“ е прва еко или зелена продукција во Македонија, што значи дека првпат е снимен филм според сите еколошки стандарди. Водени од најновите светски еколошки стандарди продукцијата се труди да ја намали емисијата на штетни гасови, да го рециклира отпадот според стандарди од Американската асоцијација на филмски продуценти итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.