Во Букурешт денеска беше откриена спомен – биста на познатиот македонски сликар, Никола Мартиноски. Мартиноски, кој студирал на Ликовната академија во Букурешт, доби спомен-биста во паркот „Михаил први“, на просторот каде што се поставени споменици на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката.

Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора на својот фејсбук профил сподели видео порака во која истакнува дека нема сомнеж дека овој убав и вреден проект дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу македонската и романската култура.

Минатата година, Осми декември, Денот на Свети Климент Охридски, Романскиот паламент го прогласи за Ден на македонскиот јазик во Романија. Само година дена подоцна, успеавме да го реализираме она што го ветивме – поставување на бистата на Никола Мартиноски, тука во Букурешт, вели Адеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.