Македонскиот документарен филм „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска победи на светски познатиот фестивал „Санденс“ кој се одржува во Јута, САД. Во конкуренција со 11 други документарни филма од целиот свет, „Медена земја“  освои три оскари на „Санденс“, за најдобра кинематографија, нагарада од специјалното жири и награда од главното жири.

„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на ресурсите на Земјата.

Во филмот игра македонската актерка Јелена Јованова-Периќ, костимографи се Ирена Анастасовска и Милена Миленковиќ. Звукот го снимаше Игор Поповски. Продуцент и монтажер на филмот е Атанас Георгиев, а сниматели се Фејми Даут и Самир Љума. Премиерата на филмот беше на Филмскиот фестивал во Торонто, каде ја освои наградата од публиката.

Музиката на „Медена земја“ е на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

„Санденс“ е најголемиот американски филмски фестивал на независен филм основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд.

„Медена земја“ на Сараевскиот филмски фестивал во 2017 година ја освои највредната парична награда на фестивалот, 30 илјади евра од Турската национална телевизија (ТРТ).

Стефанов (43) има над 20-годишно искуство во развој и продукција на проекти и документарци врзани со прашања за заштита на животната средина и човековите права. Има снимено два документарци во 2005 и 2017.

Котевска (25), дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, и веќе 5 години работи како фриленс режисерка. Нејзиниот дипломски филм „Студантс“ ја освои наградата за најдобар балкански филм на Меѓународниот филмски фестивал на документарен филм во Тирана, Албанија. Директори на фотографија се Феми Даут и Самир Љума, а музиката е на „Фолтин“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.