Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе свири на фестивалот Звуци на Алпите, во срцето на швајцарските Алпи, кој ќе се одржи од 12 до 15 Август.
На фестивалот ќе изведе три светски премиери, од композитори од Русија, Ерменија и Швајцарија. Потоа Велиновска ќе настапи и на Луцерн Фестивал, еден од водечките фестивали во светот на класичната музика, кој ќе се одржи во градот Луцерн во Швајцарија, од 10 Август до 12 Септември.
На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат плејада од меѓународни ѕвезди, меѓу кои пијанистите Даниел Баренбоим и Јуџа Венг, мецосопранот Чечилија Бартоли, виолинистката Ен-Софи Мутер, диригентите Валери Гергиев и Сер Сајмон Ратл, а ќе гостуваат оркестри како Виенската филхармонија и Берлинската филхармонија.
Пијанистката Ана Велиновска во тим со специјалисти за нова класична музика ќе изведе швајцарска премиера на музиката на Ребека Саундерс, резидентната композиторка на Луцерн Фестивал 2021.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.