Издавачката куќа „Македоника литера“ со писмен допис се обрати до нашата редакција со забелешки на резултатите од Годишната програма на Министерството за култура.
По соопштувањето на Годишната програма за култура на Министерството за култура и „Македоника литера“, со посебна чест и задоволство соопштува дека, и покрај многубројната и силна конкуренција на разновидни, па и аматерски, непрофесионални, но пред сè анонимни, штотуку формирани, недооформени и сè уште неформирани (неформални) баратели, успеа да добие дури еден целосен проект, што го сметаме како мал чекор за нас, но голем чекор за македонското издаваштво, стои во соопштението на оваа издавачка куќа.
Верувале или не, продолжува во дописот издавачот, за кинескиот класик Менциј (за верување или не, досега сè уште непреведен на македонски јазик), за превод директно од старокинески јазик, преведен и приреден од единствениот македонски експерт за старокинески јазик (доктор на науки по старокинеска филологија), доби 100.000 денари! Замислете, двојно повеќе од трошките што ги добија многу автори и издавачи, па макар да е и половина од тоа што го добија други автори и издавачи (речиси исклучиво албански, но не и сите албански!).
За кои проекти „Македоника литера“ не доби пари?:
– „Ѓулистан“ најпоснатото дело на средновековниот персиски писател Саади Ширази, е едно од најпознатите дела на персиската книжевност и исламскиот свет, највлијателното персиско прозно дело.
– „Шаманизмот во македонската народна традиција“ од д-р Ана Витанова Рингачева (единствен ваков културолошки труд во Македонија),
– Списанието „Македоника“ (со меѓународна редакција, кое се дистрибуира низ светот, единствено според својата концепција, не беше поддржано ни минатата година),
– „Дарко од зоо паркот“ книга за деца од Киро Донев (еден од најдобрите македонски писатели за деца од помала возраст. И минатата година не беше поддржана негова книга, а во меѓувреме авторот е исфрлен од задолжителната лектира),
– „Силвестер“ – роман од Владо Димовски (речиси десетина години не е поддржано негово дело),
– „Осумте планини“ на Паоло Коњети (европска награда „Стрега“),
– „Здивената“ – Марина Шур Пухловски (награден роман во Хрватска во 2018),
– „Капка веселба“ роман од Селведин Авдуќ (еден од најдобрите современи босански писатели).
А, меѓу другото и меѓу сè и сешто, Министерството за култура одобри финансиска поддршка и за книги кои не спаѓаат во културата и уметностите:
– „Слободните активности на учениците во средното образование“ (170.000 денари)
– „Закупецот како клучна компонента во модерното општество“ (130.000),
– Hyrje në kriminalistikë / Вовед во криминалистиката (160.000)
– Roli I mësimdhënësit në mësimin tradicional dhe atë të inovuar / Улогата на наставниците во традиционалната и иновативната настава (140.000)
– „Европска Унија и интегративниот процес“/ (Unioni Evropian dhe procesi integrues) (185.000)
– „Улогата и детерминантите на странските директни инвестиции во транзициската економија, со посебни сегменти во Република Македонија“/ (Roli dhe Determinantat e Investimeve tё Huaja Direkte nё ekonomit tranzitore, me thenks tё veçantё nё R.e Maqedonisё) (140.000),
– „Стручните органи во средните училишта за гимназиско образование во функција на професионалната ориентација на учениците“ (200.000),
– Mësuesi bashkëkohor dhe arsimi cilësor / Современи наставници и квалитетно образование (100.000)
– Уставно уредување на Република Македонија,
– Вовед во граѓанско право,
– Еволуцијата и иднината на парите,
– Aktivitetet e lira të nxënësve të arsimit të mesëm / Бесплатни активности на учениците од средното образование (180.000),
– Стравот од глобалното затоплување“/(„Frika nga nxemja globale e Tokes“),
– „Политичка култура во Република Македонија“/ „Kultura politike në Republikën Maqedonisë“/„ Political culture in Republic of Macedonia“,
– „Поглед на социјалдемократијата – македонско искуство“,
– „Вонсудско решавање на споровите“ (историскиот моментум на Македонија),
– Ulja e kostos sё prodhimit tё produktit me aplikimi tё teknologjisё CNC / Намалување на трошоците за производство на производи со CNC технологија апликација (190.000),
– Политичка социологија (140.000),
– „Родителската грижа влијае на благосостојбата на децата“/„Kujdesi I prinderve ndikon ne mireqenien e femijeve“ (130.000)…
…
Има премногу, речиси во сите дејности, вакви и слични проекти, кои немаат врска со културата, или пак кои се несразмерно и неправично финансиски поддржани, при што основен критериум е поделбата на „нашите“ и другите (не само по етничка линија). Исто како што беше и лани, кога тогашниот министер многу штедро и широкоградо си доделуваше пари на баратели, односно и здруженија на кои беше основач и тој, велат оттаму.
Годинашнава програма покажа дека речиси нема граница меѓу расипаноста и дебилноста.
Ако минатогодишната програма беше програма за обезличување на македонската култура, годинашната програма е програма за погребување на културата, зашто помалку добиваат и културата и уметностите на албанските уметници и институции, ако се изземат парите. Тоа е програма за меѓунационален диверзитет кај уметниците.
Минатата година (кога во делот на издавачката програма на „Македоника литера“ ѝ беа поддржани три наслови) не беше прифатена ниедна книга кај ниеден издавач која се однесува на македонската историја, на македонската културна историја и на слична македонска тема. Токму од тие причини и годинава (како и лани) не конкуриравме со книги на теми за Македонија и македонската историја (зашто веќе беше очигледна аверзијата спрема Македонија и македонистичките теми), и покрај тоа што нашиот каталог веќе содржи репрезентативна историографија. Наместо тоа, одбравме други квалитетни дела, со високи естетски или културолошки вредности. Но ете, пак не сме ги трефнале „критериумите“. Сме го утнале националниот интерес. Како што, всушност, „Македоника литера“ отсекогаш не ги препознаваше „критериумите“ за тендерите за т.н. капитални проекти и на проектите на Европската унија. Таму, каде што имаше и има многу пари за издаваштво среде сиромашното македонско издаваштво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.