Друштвото за издавачка куќа „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата сораскази за деца „Дарко во зоо паркот“ на македонскиот писател Киро Донев.Оваа е деветта книга од овој автор објавена од „Македоника литера“. Најновата книга на Киро Донев е поделена во два дела, во првиот – „Дарко во зоо паркот“се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени сепреку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларнитеживотни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој начин Киро Донев ги потенцира хуманите односи меѓу човекот и животните. Вториот дел на книгата е насловен со „Приказни за годишните времиња“. Објавени сетриесетина текстови кои се однесуваат на четирите годишни времиња, но во сите нивосновната тема се животните и природата.Киро Донев е познат и широко прифатен од младите читатели по инвентивниот хумор иведрината во неговото творештво, а тоа е присутно и во оваа книга. Иако се наменети запомлада целна група на читатели, неговиот препознатлив хумор ја брише границата меѓухуморот наменет за најмладите и за возрасните читатели.Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца:романи, раскази, гатанки, повести, пиески, стихозбирки и сликовници. Тој е еден однајпопуларните и најчитаните македонски автори, не само кај писателите за деца, тукувоопшто во македонската литература. За своето творештво е добитник и на неколку високикнижевни награди во Република Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Делата на онев се преведени на
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.