Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, деновиве ја објави книгата „За жените“ од позната кинеска писателка Бинг Син, во превод од англиски јазик на Елена Саздовска.
Бинг Син е најпознатата фигура на ’женското писмо‘ во кинеската литература на 20 век. Во оваа книга ја раскажува сопствената верзија на феминизмот. И го поставува прашањето: Дали мажите или жените се поквалификувани да зборуваат за проблемите на современите жени?
Оваа книга содржи раскази за различен тип жени и кои нудат различни претстави за жените, а во кои се оформува ставот за жените во целина.
Приказните се раскажани од машки наратор, факт што авторката го прикрива до 1980 година, кога превезот за тоа го симнува во предговорот на третото издание на книгата.
Својот оригинален стил го комбинира со поетичниот израз кој е истакнат во класичната кинеска лирика, со наративен реализам, во луцидна и провокативна синтеза.
„За жените“ покажува дека феминизмот на Бинг Син може да се разгледува во однос на нејзината употреба на нарацијата како ироничен трик. Софистицираниот машки нара¬тор кој го прикрива полот на авторот функционира суп¬тилно за да го поткопа машкиот авторитет и неговата појава на апсолутно господарење. Во предговорот на второто изда¬ние, напишан во 1945 година, Бинг Син го изразува своето мислење дека поверојатно „господата“ повеќе ќе ја читаат нејзината книга отколку жените. Шеснае¬сетте текстови што ја формираат збирката како целина нудат различни претстави за жените. Првите две приказни се особено важни во однос на поставените прашања, како и за ставот кон жените во целина.
Бинг Син (1900 – 1999) се издвојува како исклучителна, неповторлива и важна фигура меѓу многуте кинески писателки од дваесеттиот век. Со нејзиното рано вклучување во движењето „Четврти мај“, кое започна во 1919 година, се вброи во генерацијата писатели кои ја оспорија традицијата и се залагаа за преиспитување на кинеската култура. Како и многумина автори поддржувачи на „Четврти мај“, Бинг Син ја презеде задачата на читателот „да му ги прикаже проблемите во општеството“ преку своите книжевни дела. Нејзините така¬наречени „приказни за некои прашања“, кои се однесуваат на социјалната неправда, семејните конфликти и феминизмот, предизвикаа значајна расправа кај критичарите од нејзиното време. Својот оригинален стил, наречен „Бинг Син стил“, таа го комбинира со поетичниот израз кој е истакнат во класичната кинеска лирика, со наративен реали¬зам, во луцидна и провокативна синтеза.
Денес е повторно актуелно тво¬рештво¬то на Бинг Син, особено нејзината извонредна збир¬ка „За жените“. Прво, Бинг Син е талентирана писателка чија употреба на наративниот глас претставува суптилен преди¬звик за конвенциите на родовата конструкција, кои се важни за најголемиот дел од традиционалната и за голем дел од современата литература. Како жена писателката, Бинг Син при¬донесува за модернистичката традиција со својот преци¬зен и ироничен стил, што ѝ овозможува да ја предизвика машка¬та авторитарност. Второ, Бинг Син му овозможува на современиот читател, но особено на жената читател, да ја предвиди пошироката политичка борба што се крие зад хори¬зон¬тот на родовите спорови. Оттука, без да престане да биде феминистка, Бинг Син нуди поглед на кинеската современост што ја рефлектира социјалната и политичката реалност на Кина во дваесеттиот век. Конечно, Бинг Син е кинеска писа¬телка која нуди свое толкување на феминизмот што не е ниту јасен израз на нејзиниот модернистички стил ниту, пак, може да се сведе на нејзините историски заложби.
Усвојувајќи го софистицираниот машки наратор како фолија што не може целосно ја прикрие личната перспектива на светот, Бинг Син демонстрира како маш¬ко-жен¬¬ската спротивставеност има само релативно значење во отворената економија на знаците. Посеб-ната форма на феминизмот на Бинг Син е неразделен од предмодернистичката грижа за човечките квалитети коишто честопати погрешно се етикетираат како традиционалистички. Додека повремено го демонстрира „строгиот“ стил што запад¬ните читатели лесно го идентификуваат со висок модернизам, нејзината фикција може да се прочита и како истражување на родот, што отвора многу прашања што не можат да се решат во рамките на современиот феминизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.