Македоника литера“ од Скопје, неодамна ја објави поетската книга „Постои ли допир на твојата душа“ на српскиот поет Ненад Шапоња, во превод од српски јазик на Нове Цветаноски.
Книгата, која има поднаслов „Позиционирање на привидот“, содржи 49 песни и поеми, од кои еден дел се веќе објавени во негови книги и претставуваат своевиден тематско-мотивски збор, а на крајот е објавен и еден есеј во кој авторот го објаснува својот поетички дискурс во својата лирика.
Ненад Шапоња (1964, Нови Сад) е поет, есеист и критичар, чии стихови се препознатливи во современата српска поезија по стилската перфекција, херменевтичност и метафизички увиди. Во областа на книжевната критика промовира постмодерна поетика и идеосинкретичен импе¬ративен пристап спрема книжевните дела, што подразбира живеење во книжевноста. Десетина години пишуваше критика за Политика. Освен поезија и критика, пишува и куси раскази и патописна проза.
Неговата прва збирка поезија Ѓаконда (1990) е награ¬де¬на со Бранкова награда, тогаш најзначајната југословенска награда за млади поети. Неговата збирка есеи Бедекер на сомнежот (1997) ги доби наградите Милан Богдановиќ и Просвета за книга на годината. Најновата негова поетска книга Изгледам, значи не сум (2017) ја доби наградата „Мирослав Антиќ“.
Автор е наследните поетски збирки: Одрази на лажли¬вото (1991), Очигледност (1996), Море (1998), Четири поеми (2000), Слатка смрт (2012), на книгата избрани стихови Постои ли допир на твојата душа? (2014), како и збирката критики и есеи: Автобиографија на читањето (1999) и Искуството од пишувањето (2001). Ја објавил и книгата патописи Брисел се дава да се преоди лесно (2018). Приредил и неколку антологии од кои најзначајна е Просветина книга на крими раскази (2002). Поезија му е преведувана на англиски, шпански, италијански, полски и романски јазик.
Во 2012 година ја основа издавачката куќа Агора, која денес е еден од најреномираните српски издавачи, благодарение на широкиот естетски интерес и квалитетниот избор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.