„Бегалски мозаик“ е најпознатото дело на Ен Мајклс, наградено е со високи книжевни награди.
Според романот, во 2007 година, е снимен игран филм во режија на Џереми Подесва, а главните улоги ги толкуваат Стивен Дилејн (Јакоб) и Раде Шербеџија (Атос). Шербеџија ја доби наградата за најдобар актер на Римскиот филмски фестивал за улогата на Атос.
„Бегалски мозаик“ е сублимат од поезија и проза, а оценет како ‘меланхоличен и величествен’ и роман акварел. Го сметаат за еден од најдобрите романи од англиското јазично подрачје од крајот на 20 век. Главниот лик е Јакоб Бер, како дете одвај спасен од холокаустот во Полска од грчкиот геолог Атос Русос, кој го посвојува и го води на островот Закинтос, Грција. Тој се обидува да го воведе и во светот на археологијата, геологијата, поезијата, книгите, картографијата, ботаниката… По војната емигрираат за Канада. Приказната го следи животот на Јакоб низ животните премрежиња и како ги преживува кошмарите од своите спомени и соништа. Ен Мајкл ги слика епизодите или миговите од животот на еден возрасен човек и на едно момче, кои настојуваат да ја најдат убавината на животот и тогаш кога ја нема“, ќе посочи издавачот „Македоника литера“ кој додава дека ова е роман за проклетството на бегалците, за трагедијата на луѓето кои ги преживеале Втората светска војна и холокаустот и кои, покрај сите трауми, го осмислуваат животот надвор од својата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.