„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Сапунот на Леополд Блум“ од романската писателка Нора Југа, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Сапунот на Леополд Блум“ е комплексен роман во кој се мешаат жанрови. Тој е своевиден стилски експеримент со длабока оригиналност, со што пак не е жртвувана приказната. Во раскажувањето често се губи границата меѓу реалното и надреалното, лирското и фактографското раскажување. Како и во неколку други дела на Нора Југа, и ова говори за еро¬тиз¬мот, осаменоста и староста, за сеќавањето и драмите, и послед¬но, но не и најмалку важно, за радоста на пишувањето. Тој нуди слатко-горчлива мешавина на носталгија и хумор, нежност и фрустрација, искреност и преправање се сите состој¬ки кои секогаш го дополнуваат задоволството од чита¬ње¬то на оваа писателка.

Сметан е за антироман, со антијунак, поточно со презе¬ме¬ниот антијунак на Џемс Џојс преку кого „дејствува“ авторката во романските ситуации.

„Овој ’Сапун на Леополд Блум‘, дојден од прозата на Џојс, лизгав, без цврста форма, но со мирис, како и самиот роман, образува симболичен елемент, кој спојува сè што е измешано во текстот на Нора Југа. Овој текст е автентичен, педантен и наместа со малку идеологија (дијалогот меѓу поете¬сата и писателот во кој не е јасен односот на двајцата, повеќе значи игра на идеи), реалистичен, но и со навлегувања во мистичен надреализам, производ на претеран нецензуриран сензибилитет, со крај во еден нејасен егзистенцијализам.“ (Ана-Марија Попеску, Културен опсерваториум, јуни 2007)
Нора Југа е литературниот псевдоним на Елеонора Алмоснино. Таа е позната романска поетеса, романсиер и преве¬дувач од германски јазик. Родена е во 1931 година во Букурешт. Татко ѝ бил виолинист, а мајка ѝ балерина.

Дипломирала на Филолошкиот факултет при Универзи¬те¬тот во Букурешт (1953). Работела како професорка по герман¬ски јазик во 1954 и 1955 година, а потоа како библиограф во Државната централна библиотека во периодот 1955 – 1969. Од 1969 до 1977 била уредник во Енциклопедиското издателство. Била новинар во весниците на германски јазик „Neuer Weg“ и „Volk und Kultur“ (1977 – 1986). Од 1971 година е член на Сојузот на писателите на Романија и член на ПЕН Клубот.

На 70 години Нора Југа стана највозрасен литературен блогер. Во 2009 година ја доби најзначајната стипендија доде¬лена од германската влада на странски писател Deutscher Akademischer Austausch Dienst (DAAD). Добитник е на петнае¬сетина книжевни награди.

Има објавено повеќе триесетина книги поезија и проза, превела над 15 книги од германската литература, а нејзините книги се преведени на повеќе од десет странски јазици.

Романот „Сапунот на Леополд Блум“ е објавен во 1993 година, за кој во 1994 година, беше добитник на наградата на Сојузот на писателите на Романија. Романот доживеа второ издание во 2007 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.