По пауза од 21 година, Македонија е повторно дел од селекцијата на најстариот и најпрестижен филмски фестивал од А категорија, Интернационалниот филмски фестивал во Венеција, со филмот „Вера сонува за морето”.
Долгометражниот игран филм „Вера сонува за морето“ е копродукција помеѓу „Дрим Фектори“ , од Македонија (ко-продуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (ко-продуцент: Дионис Пападимитри).
Во филмот главната улога е Вера, која ја игра актерката Теута Ајдини-Јегени, првенката на Албанскиот театар во Скопје. Во филмот играат и Рефет Абази, еден од најпознатите актери од Македонија, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, кинематографер е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Огнен Антов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.