Новинарот и писател Синиша Станковиќ вечер во Кафе-клубот „Порта џез“ во Битола ќе ја претстави својата книга „Маалски прикаски (1+2)“.
Промотивниот настан е замислен како носталгично патување низ, како што велат организаторите, старите добри времиња, а „водич“ ќе биде битолчанецот Дуле Груевски. Фрагменти од прикаските ќе читаат авторот Станковиќ и актерот Филип Мирчевски, во музичка придружба на Александар Талевски и Бојан Ивановски.
Ќе бидат презентирани и фотографиите од книгата чии автори се познатите македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Боро Грдановски, Томислав Георгиев, Наке Батев, Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ и Маја Златевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.