Филмот „М“ во режија на македонскиот режисер Вардан Тозија ќе учествува на сесијата Филмови во изработка на филмскиот фестивал во Котбус, Германија.
Од стотиците апликанти, само шест проекти се одбрани да бидат презентирани пред заинтересираните агенти, дистрибутери, ТВ и фестивалски едитори и секако е одлична можност за промоција на филмот, кој е во финалната фаза на постпродукција, соошти продуцентот Дарко Попов.
Инаку, филмот М е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка.
Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски.
Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ. Продуцент на М е Фокус Покус Филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.