Еден од најпознатите светски музеи, Лувр во Париз во план е да ја отвори својата врата на 6 ти јули, откако беа донесени новите олеснителни мерки кои ги најави премиерот Едуар Филип.
Во соопштението од управата се наведува дека најпосетуваниот француски музеј ќе воведе систем на резервација и „нови ознаки“. Со тоа од посетителите се бара да носат маски и да ја почитуваат физичката дистанца, со обезбедени „максимални сигурносни услови“.
Лувр е затворен од 1 ви март кога во Франција имаше 100 потврдени случаи со Ковид 19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.