Лувр во Париз повторно е отворен за посетители, а туристите со аплауз ја проздравиле одлуката, пренесуваат медиумите. Музејот ги затвори вратите во саботата заради кризата со коронавирусот.

Дирекцијата на музејот објасни дека еден од приоритетите по отворањето ќе биде да се обезбеди безбедност на соработниците и посетителите. Затоа, ќе бидат преземени дополнителни мерки. Вработените во музејот Лувр, кои од неделата не доаѓаа на работа поради страв од зараза, денеска гласаа со големо мнозинство да продолжат да работата, што овозможи на најпосетуваниот музеј во светот повторно ова попладне да ја отвори својата врата.

Раководството претстави низа нови антивирусни мерки за ги убеди вработените да се вратат на работа, како поширока дистрибуција на дезинфекциски гелови и чести ротации на персоналот за да може повремено да измијат раце.

Персоналот ќе биде повлечен од собата во која се наоѓа славната „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.