Денеска во Џебното кино во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 10 часот ќе се одржи предавање на архитектите Лук Верпоест и Барбаа Ван дер Ви на тема „Архитектурата на 20 век како наследство“.
Дали современата архитектура на 20-тиот век бара некој посебен пристап за херитагизација, конзервација и реставрација, или едноставно може да се применат стандардни општи концепти како што се користат за претходна модерна архитектура?
Docomomo International – Меѓународниот комитет за доктументација и зачувување на објекти, локации и соседства се занимава со овие прашања од своето основање во 1988 година. Во првиот дел од предавањето (Luc Verpoest), прашањето за зачувување на модерното движење е воведено преку серија примери за авангардните модернистички проекти од 1920-тите и 1930-тите.
Вториот дел од предавањето (Barbara Van der Wee) се фокусира на обнова на доцно-модерните социјални или колективни станбени проекти во Белгија по Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.