Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34. доделување на АСЦ (The American Society of Cinematographers) наградите.
Најважната награда што еден кинематографер може да ја посака. Благодарам ASC, напиша Љума на својот профил на „Фејсбук“.
Наградата на кинематограферите им ја додели режисерот Тод Филипс кој во својата најава рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.
„Медена земја“ е во трката за претстојните оскари во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм, што е првпат за еден македонски филм.
Документарниот филм „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.