Вечерва (20 часот) во салата на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот на групата „Љубојна“ со оркестарот на Филхармонија под диригентската палка на врвниот Џијан Емин. Концертот ќе биде интимно доживување и подарок за фановите, рече вокалистката на „Љубојна“ – Вера Милошевска – Јосифовска во неодамнешно гостување во програмата на националното радио „Канал 77“.

Убаво ми е што овој концерт ќе биде, на некој начин, покрај бројноста на музичарите, сепак интимно доживување на оваа музика, која што е сосема нова. Вообичаено, музиката тргнува од концерт, а потоа се шири меѓу луѓето, и тоа некако ’Љубојна’ низ годините го предлага како еден постојан циклус, како почеток на нова идеја“, рече Милошевска – Јосифовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.