Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) го избриша англискиот град Ливерпул од листата на светско наследство поради преголемиот развој кој влијае на автентичноста на ова англиско пристаниште. Тринаесет делегати на Комитетот за светско наследство гласаа Ливерпул да се тргне од листата, додека петмина беа против.

Прво од листата на УНЕСКО беше тргнато живеалиштето на антилопите арабиски орикс во Оман во 2007 година, поради одлуката на властите на 90 отсто од заштитената територија да дозволи истражување за нафта.

Втора избришана локација од листата е долината на Елба во Германија во 2009 година, откако преку реката беше изграден модерен мост од четири сообраќајни ленти.

За Ливерпул, како причина, се наведуваат плановите за обнова на пристаништето, чии многу високи згради и нов фудбалски стадион ќе го загрозат градското наследство.

Ливерпул беше наведен во Листата на светско наследство на УНЕСКО во 2004 година, кога по децении пропаѓање беше обновен брегот и пристаништето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.