Live Soundtrack е настан со филмска музика основан во Белград. Преку прикажување на ретко видени дела од кратко кино, експериментални филмови и анимации од целиот свет и здружување музичари од електронско, амбиентално и електроакустично миље, во текот на повеќе од 50 настани (2014-2020) стана извор за на постојана поддршка за независната сцена.

Во 2021 година, Live Soundtrack ја започна новата сезона на настанот, со прикажување на филмови избрани на отворен повик за неми филмови преку платформата Film Freeway и во моментов е на регионална турнеја.

55-то издание: Нов свет (не)поредок: Еко-вознемиреност и миграција (New world (dis)order: Eco-anxiety and migration) има за цел да ги расветли огромните проблеми и вештачки катастрофи од ерата на Антропоценот (војна, глад, миграции, еколошки катастрофи, вирусни болести), нарушување на еколошката рамнотежа и последиците од климатските промени преку слики на апокалиптични пејзажи и метафорички јазик во поновите неми и анимирани филмови. Некои од најдобрите скопски звучни артисти и амбиентални музичари ќе учествуваат во создавањето звук за овој аудио-визуелен циклус.

Програмата ќе ја презентира Марко Миличевиќ, програмски менаџер и куратор на настанот.

Музичари:

Мартин Георгиевски (Amplidyne Effect)

Amplidyne Effect e мултимедиjален проект изведен од продуцентот, музичар Мартин Георгиевски (р. 1988 во Скопје). Завземајќи форма на импровизиран музички проект, а под влијаније од експерименталниот/ психоделичниот спектар на звуци како Drone, Noise, Ambient, Contemporary Minimalism па до пост-рок, краут рок и IDM елементи, тој својата инспирација ја црпи од уметноста, музиката, филмот, природата и самата технологијата. 

Тони Димитров (sound_00)

Мултимедијален уметник, културен продуцент, радио водител, но исто така и диџеј, организатор, сопственик на етикети. Низ годините успева да создаде и издаде безброј изданија под неколку псевдоними, соработки и бендови како што се: Sound_00, Hunter/Gatherer, sound_00 + lefterna, sound_00/Dimitar Dodovski, Toni Dimitrov/Dmitri Zherbin, Toni Dimitrov & DR, Toni Dimitrov & Dominic Razlaff , Toni Dimitrov & Rhucle, Post Global Trio, Post Global Duo, Private Mountain, Toni Dimitrov/Jared Sagar, Fayerabend, со кои реализира изданија на различни етикети низ светот. Под овие имиња настапуваи на многу настани локално и интернационално на значајни фестивали како Transmediale, Todays art, Interpenetration, Tiny noise, итн.

Владимир Мартиновски

Владимир Мартиновски (1974) е поет, писател, преведувач, книжевен критичар, антологичар. Работи како редовен професор на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, УКИМ. Има објавено четириесетина поетски и прозни збирки, книги есеи, антологии, зборници. Како музичар настапува(л) во Оркестарот Пеце Атанасовски, Калдрма, Баклава, ВИС Тркалезна маса, Тивка пролет.

Марко Миличевиќ

Програмски менаџер и куратор на настанот Live Soundtrack. Автор е на неколку филмови, а во својата работа комбинира истражување во електро-акустични атмосфери, вокални експерименти и поезија. Соработуваше со бендот Old Soviet Dogs, поетесата Тамара Шушкиќ и вокалистката Оjaа Николиќ.

Филмска програма:

 Julien Guiol – Origin of the End of the World (Франција, 2019, 14’)

Мало девојче и ловокрадци ги преминуваат пејзажите на дива природа, родната лулка на сликарот Густав Курбе. Тие присуствуваат на настанувањето на крајот на светот.

 Olga Guse – The Pray (Германија, 2021, 4’)

Катастрофите на животната средина, глобалното затоплување, сериозните вирусни заболувања, војните и заострените односи меѓу земјите неодамна ги искомплицираа нашите животи…

 Anna Faroqhi & Hain Peretz– Lana’s Story (Германија, 2017. 12’)

Лана, нејзиниот сопруг Дидар и нивниот син Лајад, побегнаа од курдскиот дел на Ирак. За време на нивното патување, нивниот мобилен телефон бил украден, со сите нивни фотографии. Учениците од училиштето Конрад Агахд ги враќаат украдените слики во нацртан филм.

 Vanessa Cardui – Green Thread (Германија, 2020, 6’)

Кога човекот отсекува нешто од големата топка волна на неговата планета, тој на крајот се пресекува и самиот себе.

Can Yesiloglu – No! (Турција, 2021, 2’)

Луѓето се толку амбициозни да доминираат на планетата што не сфаќаат дека го подготвуваат својот крај. На крајот, постои нерамнотежа; луѓето губат доминација, паѓаат од планетата и се уништуваат.

Siavash Eydani – The Note (Иран, 2020, 4’)

Човекот се буди и се наоѓа на кревет во морето…

 Manne – The Seagull (Ерменија, 2020, 20’)

Време е човечко суштество да застане и да сфати дека неговиот лет исто така може да биде деструктивен. Луѓето, лавовите, елените и другите суштества ќе исчезнат за неколку секунди. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.