Утре, (дваесетти декември), со почеток во 19 часот, во Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи поетско читање во чест на Блаже Конески со наслов „Јазикот е нашата татковина“. Песни од Конески и свои песни ќе читаат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска.

Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска. Со почитта кон традицијата и со креативноста македонските писатели уште еднаш ќе потсетат дека литературата е најцврстиот столб на македонскиот јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.