„Летечки циркуз“ по режија и сценарио на Фатос Бериша ја понесе наградата за најдобар интернационален игран филм на Филмскиот фестивал во Санта Барбара, соопшти Филмскиот фонд.
Филмот е малцинска копродукција, помеѓу продуцентската куќа Б2 од Косово, Б2 од Албанија, Иконе Студио од Косово, а како македонски продуцент се јавува Црна Мачка продукција, продуценти Кристијан Буровски и Томи Салковски.
Кинематографијата е на Алмир Џиколи, монтажата на Владимир Павловски, а музиката на Огнен Анастасовски. Режисерот Фатос Бериша се јавува и како сценарист на филмот. Продуцент на филмот е Вјоса Бериша.Главните улоги ги толкуваат Арменд Смајили, Тристан Халилај, Африм Мучај, Шпетим Селмани, Велибор Топич и др.
„Летечи циркуз“ е надреалистична црна комедија заснована на вистински настан. Косово е на работ на војна. Додона, мал театар во Приштина, е последната јавна установа која е затворена. Театарската претставана на четирите актери на „Летечки циркуз“ кој е инспириран од легендарниата британска ТВ серија „Летечкиот циркуз на Монти Пајтон“ е поканета на театарски фестивал во Албанија. Патот е опасен и немаат пасоши за да ја преминат границата. И покрај искушението, првично тие одлучуваат да не одат. Но, тогаш Фатмир ја слуша веста дека Мајкл Палин од екипата на Монти Пајтон ќе се снима во Албанија во текот на фестивалските денови. Тие не можат да одолеат на идејата дека би можеле да се сретнат со својот идол. Сепак, единствениот начин да се дојде до Албанија е со незаконско преминување на границата на Црна Гора и Албанија, што претставува голем ризик.
На овогодинешното 35 издание на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара кој е фестивал посветен на презентацијата на независен и интернационален филм главната награда ја освои „Birdcatcher’s son“ на Ричард Хоберт.
Филмот својата светска премиера ја имаше на престижниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.