Вториот лаурет на 40.  јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, Јоргос Арванитис, вчера пристигна во Битола.

Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет, е добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело.

Тој синоќа пристигна во Битола, го пречека директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска. Арванитис уште еднаш се заблагодари за топлиот пречек и за честа да биде лауреат на оваа престижна награда.

Денеска во рамки на фестивалската програма, Арванитис ќе одржи мастер класа која ќе биде отворена за публика. „Злтанта камера 300“ свечено ќе му биде доделена на затварањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во сабота на 21 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.