Теактер студио на Здружението за култура и уметност Про Арте“, со претставата „Драга Јелена Сергеевна“ ќе  настапи на Меѓународниот театарски фестивал ИНТЕФ во Шабац, Србија.

По својата премиера минатата година во ноември и одиграни  претстави во Куманово, гостувања низ неколку градови во државата, ова е прво излегување надвор од државата, на фестивал со натпреварувачки карактер, во официјалната програма. Екипата е задоволна што ќе гостува во странство, возбудена што претставата отвара можност за креативна комуникација со публика која првенствено зборува на друг јазик, а тоа е секогаш предизвик и можност за потврда дека театарот е медиум кој носи универзални вредности, изјави режисерката на претставата, Кети Дончевска Илиќ.

Во претставата играат актерите Александра Пешевска, Александра Михајловска, Давид Илиќ, Никола Наковски и Мишо Димитријевски. Претставата е работена во соработка со Театар Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.