Четворица актери ќе се вработат во Театар Куманово. На огласот кој трае до петок веќе се пријавиле 18 кандидати од Куманово, но има и од другите градови во Македонија.

Навистина сме среќни, бидејќи има толку многу апликанти. Огласот трае до петок, така што ги повикуваме сите млади невработени актери кои сакаат да се пријава да дојдат во просториите на Центарот за култура. За нивниот избор ќе има аудиција на која ќе одлучува комисија, од внатрешни и надворешни членови која ќе ги направи сите подготовки. Аудицијата ќе биде закажана наредната недела на 26 јануари (недела), но за тоа сите апликанти ќе бидат и дополнително известени,соопшти Сашо Тодоровски, директорот на Центрот за култура „Трајко Прокопиев, на прес-конференција.

Со овој конкурс предвидени се тројца актери за македонската драма и еден за албанската.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.