Ансамблот на народни песни и игри „Танец“ синоќа доби уште едно признание-„Златна Бубамара на популарноста за културен амбасадор на земјава. Како догогодишен амбасадор на македонската култура, во годината кога одбележува седум децении постоење, ансамблот кој е формиран да го собира, негува и надградува македонското фолклорно богатство, пред публиката Во Арената „Борис Трајковски“ се претстави со дел од своите изведби, а директорот, Мартин Вучиќ се обрати со видео порака до присутните.
По настапот со кој уште еднаш потсетија зошто треба да го сакаме и да го поддржуваме, член од ансамблот ја прими наградата и рече:
Сакајте го „Танец“, доаѓајте на нашите концерти зошто „Танец“ е душата на Македонија насекаде низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.