Писателката Ксенија Николова на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.
Почивај во мир, драга Туфи, прекрасна дамо Беличанец.
Секој пат кога ќе чујам за смрт, јас се потресувам, дури и да не знам за кого станува збор, јас се потресувам. Таква сум.
А, кога од светот ќе замине талент кој скришно се бори со внатрешни демони, срцето ми се распарчува.
Се плашам, се плашам од тоа каде оди светот, а колку ние се’ уште молчиме.
Демоните не’ грицкаат, нас ни е тешко да признаеме, затоа што ако признаеме, кој ли ќе не’ разбере низ што поминуваме?!
Менталното здравје пријатели, тоа е тема за која треба да се зборува.
Да имаме емпатија и да даваме помош, да не чекаме да ни ја побараат, стои во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.