На денот кога се одбележува на 18 Мај – Денот на музеите, локалната установа „Градски музеј”- Крива Паланка го најави проектот за формирање културно-историски парк во селото Градец, Кривопаланечко.

Денот на музеите,18 Мај е одличен повод да го обзнаниме новиот долгорочен проект на нашиот музеј, наречен „Културно -историски парк Градец”, лоциран во селото Градец, проект од големо значење за развој на туризмот базиран на културно – историското наследство. Во контекст на реализација на овој обемен инфраструктурен проект, во 2020 година веќе се во фаза на реализирација следните подпроекти: изработка на локална урбанистичка планска документација за локалитет „Училиште“ и дворно место во село Градец, изработка на основен проект за водоснабдување на објект „Училиште“ и црква „Св. Никола“ во селото, санација и адаптација на дел од објект „Училиште“ и дворно место во Градец, валоризација на археолошки локалитет „Градиште“, заштитни археолошки ископувања на локалитет „Градиште„ -кампања 2020, сите во селото Градец. Како локална установа, чувар на културно-историското наследство на Крива Паланка и на државата, на секој проект што е во насока на унапредување на нашата дејност особено му се радуваме, изјави директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.