Краток филм на македонската режисерка Елеонора Венинова кој е дел од балкански омнибус ќе се прикаже на годинашниот Кански филмски фестивал (14- 25 мај). Филмот „Знакот“ (The Sign) кој е дел од балканска копродукција ќе се прикаже во програмата 15 дена на авторите, популарна како Кензен. Венинова, чии кратки филмови „Влакна“ и „Борба за смрт“ добија повеќе награди на фестивали низ светот, на последниот конкурс на Агенцијата за филм доби поддршка за својот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ на „ДНФ Филм“ од 18 милиони денари (292.682 евра).
Во реализацијата на проектот учествуваат Агенцијата за филм, Српскиот филмски центар, Словенски филмски центар и Филмскиот центар на Црна Гора. Авторите ќе добијат можност да ги претстават своите први долгометражни проекти на учесниците на Канскиот филмски фестивал и маркет меѓу кои селс агенти, претставници од медиумите и дистрибутери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.